Подмирете ги старите долгови кон ЈП Комуналец на рати без камата

ЈП Комуналец почнува кампања со која на корисниците им нуди можност да ги платат сите отворени долгови кон јавното претпријатие на рати. Домаќинствата ќе може да платат на дванаесет рати, додека правните лица (корисници) на девет рати. На овој начин можат да бидат платени сите стари долгови, тужените побарувања, дополнителните фактури и со тоа нема да се пресметува камата за задоцнето плаќање на редовните и тужените побарувања.

Со склучување на договор за плаќање на рати или во целост, корисниците се ослободуваат од плаќање на каматите кои дополнително би се пресметале по основ на задоцнето плаќање. Доколку корисникот го плати севкупниот долг со склучување на спогодба на најмногу  дванаесет  рати и притоа да ја почитува спогодбата, ќе биде ослободен од плаќање на сите камати и на оние што би произлегле од предметниот долг и од претходно задолжените камати, соопшти ЈП Комуналец.

Само со потпишан договор се добиваат поволностите, уплатата без претходно потпишан договор не ги носи бенефитите кои ги нуди ЈП Комуналец.

На овој начин корисниците имаат можност поедноставно и со помалку трошоци да се ослободат од заостанатите давачки.

Спогодбите, физичките и правните корисници, може да ги склучуваат во главната дирекција на ЈП Комуналец  приемна канцеларија  „Сектор за наплата“.

Кампањата ќе трае од 15 јануари  до 15 март 2013 година.