Рудникот „Стогово“ доби концесионер

Фирмата Скопски легури Мајнинг ДООЕЛ Скопје е новиот концесионер за рудникот за манган „Стогово“, крај Кичево.

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска треба да го врачи договорот за концесија на минерална суровина.

Овој рудник заедно со рудникот Тајмиште досега неколку пати неуспешно добиваа концесионер. Двата рудници требаше да отворат околу 250 нови работни места.