До февруари повик за концесионер за автопатската делница Кичево-Гостивар

Категории: Издвојуваме, Македонија

Најдоцна до февруари следната година ќе биде објавен повик за концесионер за изградба на автопатската делница Гостивар – Кичево, а градежните работи според плановите во програмата да почнат во 2016 година, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на попладневноти продолжение на седницата за пратенички прашања.

Владата, истакна Јанакиески, има поставено висок приоритет за изградба на оваа патна делница.

– Моментно се подготвува пакет кој сметам дека ќе биде прифатлив за идните концесионери. Очекуваме до  крајот на годината, а најдоцна до јануари – февруари следната година да се објави повик за наоѓање  концесионер за изградба на автопатската делница Гостивар-Кичево, рече Јанакиески, во одговор на прашање од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотоски.

За изградба на хидроцентралата „Бошков мост“ веќе се почнати преговори со изведувачот на работите и очекуваме градежните активности да почнат во април догодина, информира вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Во одговор на прашање од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Момчило Аврамовски, Пешевски  рече дека за изградба на хидроцентралата Шпилје 2 се изработува физибилити студија, којашто ќе биде основа за изработка на главниот проект.

– Нашите очекувања се во јули 2016 година да почне физичка реализација на овој проект, рече вицепремиерот Пешевски, посочувајќи дека двете хидроцентрали ќе бидат значајни за ангажман на работна сила во тој регион и за потребното ново производство на електрична енергија.

Владата, наведе вицепремиерот, настојува да обезбеди услови за рамномерен регионален развој и при презентациите пред странските инвеститиори се кажуваат сите опции. Ќе  продолжиме да носиме инвестици во сите општини, а водиме сметка да првин да бидат понудени опциите каде има поголем степен на невработеност, рече Пешевски, одговарајќи на прашање од пратеникот Фатмир Имеровски.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,