Конкурс за запишување ученици во кичевските гимназии 2013-2014

Категории: Кичево, Слајдер

Средните училишта во Кичево, „Мирко Милески“ и „Дрита“, за учебната 2013/14 имаат вкупно 1156 слободни места.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на
24 и 25 јуни 2013 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2013  година.

Квалификационото    тестирање    ќе    се    организира    во    училиштата    за    средно образование на 28 јуни 2013 година, а резултатите ќе се објават на 29 јуни 2013 година.

Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 1 и 2 јули 2013 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 4 јули 2013  година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 22 август 2013 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 23 август 2013 година.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 30 август
2013 година.

Во продолжение следат детални информации за слободните места:

ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ  ”МИРКО МИЛЕСКИ”

Во прва година ќе се запишат 544 ученици во 16 паралелки (476 ученици во 14 паралелки со  настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелка со настава на турски јазик) според наставните планови и програми за:

Гимназиско образование – 272 ученици, 8 паралелки, 60 минимум поени

мак 238 уч. 7 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени
тур 34 уч. 1 пар. 4 г.тр 60 минимум поени

  Машинска струка – 68 ученици, 2 паралелки

– машинско -енергетски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
– автомеханичар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

Економско-правна и трговска  струка – 34 ученици, 1 паралелка

– економски техничар                            мак         34  уч.    1 пар.       4 г.тр.         60 минимум поени

Здравствена  струка – 34 ученици, 1 паралелка

– медицинска сестра                             мак         34  уч.     1 пар.       4 г.тр.         70 минимум поени

Електротехничка струка  – 102 ученици, 3 паралелки

– електротехничар за компјутерска

техника и автоматика

мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55 минимум поени
– електроинсталатер и монтер мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени
– електроинсталатер и монтер тур 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

Лични услуги – 34 ученици,  1 паралелка

– козметички техничар                           мак         34 уч.     1 пар.       4 г.тр.         45 минимум поени

 

ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ  ”ДРИТА”

Во прва година ќе се запишат 612 ученици во 18 паралелки со настава на албански јазик според наставните планови и програми за:

Гимназиско образование – 408 ученици, 12 паралелки, 60 минимум поени

алб        408 уч.    12 пар.        4 г.тр

Машинска струка – 68 ученици, 2 паралелки

– машински техничар алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
– автомеханичар алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

Економско-правна и трговска  струка – 34 ученици, 1 паралелка

– економски техничар                            алб         34  уч.    1 пар.       4 г.тр.         60 минимум поени

Здравствена  струка – 34 ученици, 1 паралелка

– фармацевтски лабораториски техничар

алб         34  уч.     1 пар.       4 г.тр.          70 минимум поени

Електротехничка струка  – 68 ученици, 2 паралелки

– електротехничар – енергетичар алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
– електроинсталатер и монтер алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,