ФОТО: Началникот на Генералштабот на АРМ во посета на кичевската касарна

Категории: Кичево, Слајдер

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески го посети гарнизонот во Кичево, како дел од планот за обиколка на гарнизоните на АРМ.

Со обиколката на касарната „Чеде Филиповски-Даме“ и складот Челопеци беа согледани нивните капацитети, функционалноста и условите за живот и работа во нив, каде е констатирано дека припадниците на АРМ имаат услови за нормално извршување на задачите, соопшти ГШ на АРМ.

Во рамки на посетата, припадниците на АРМ беа информирани за извршувањето на задачите, наредните планови и актуелната состојба во АРМ.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,