Крадецот од манастирот Пречиста ги убил и сопружниците од Србица

Категории: Кичево, Слајдер

ubiec-srbica

Полицијата го утврди идентитетот на убиецот на брачниот пар од кичевското село Србица.

Пред две години, 38-годишниот Ајран Диши од Албанија во доцните ноќни часови упаднал во домот на 70 годишните печалбари од САД,  Иса и Селиме Имери, ги врзал со алиштата кои му дошле при рака и ги измачувал до смрт барајќи да му кажат каде се парите и златото. Разбојникот од нивната куќа побегнал со плен вреден 12 илјади долари.

Ајран Диши од Дибер Албанија е приведен пред две недели откако истрагата потврди дека е виновен за кражбите во кичевскиот манастир. По приведувањето, направените анализи потврдиле дека неговиот ДНК профил во целост се поклопува со трагите пронајдени во домот на Иса и Селиме Имери.

Полицијата минатата година за истото дело го приведе албанскиот државјанин Алија Лефтер, но обвинителството ја одби пријавата бидејки немаше поклопување на ДНК примероците. Првичните сомнежи беа дека убиството е извршено од три лица, поради пронајдените траги на три локации во куќата. Послените анализи сепак потврдиле дека примероците се поклопуваат со направениот профил на Диши.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,