Тешка кражба во манастирот Света Богородица Пречиста кај Кичево

Precista (11)

Манастирот Света Богородица Пречиста беше повторно мета на крадци. Насилно била разбиена влезната врата при што се одземени три сребрени крста, еден манастирски печат и едно резбано сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева“.

Кражбата била извршена околу 2 часот по полноќ откако со алат е искршена металната  врата и резето од помошната просторија. Откако сторителот влегол во црквата, пребарал, по што насилно ја отворил и дрвената врата и влегол во олтарот. Избегал преку малата црквичка Свети Никола која е прилепена кон манастирската црква.

Екипи на ОВР Кичево извршиле увид на местото и се преземаат активности кон откривање на сторителот на вандалскиот чин.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)