Кичевчанец доби кривична пријава поради недозволено поседување на оружје

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против С.С.(26) од Кичево за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ – информираат од МВР.

На 18-ти јуни оваа година, во ПС Кичево е повикан С.С. поради сознание дека поседува пиштол без дозвола, при што тој потврдил дека поседува пиштол „танфоглио форце“, калибар 9 мм, две рамки и шест куршуми, што е предмет на кривично дело „тешка кражба“.