Крводарителска акција во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Денес во просториите на Регионалниот центар за управување со кризи – Кичево се реализира  Акција за дарување на крв. Акцијата ја организира РЦУК – Кичево во соработка со ОО Црвен Крст – Кичево и Институтот за трансфузиона медицина.

Во предвидениот временски период во неа доброволно се вклучија вкупно 14 дарители на крв. Крводарителската акција беше успешна, без никакви проблеми и следена од локалните медиуми.

„Ние  ја изразивме нашата хуманост и солидарност преку дарување на крв. Денес спасивме животи, зошто утре можеби  и нам ќе ни треба“ – порачуваат од Регионалниот центар за управување со кризи – Кичево.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,