Американската фабрика во Кичево бара референт за увоз-извоз

Категории: Актуелни теми, Кичево, Слајдер

Американската компанија за производство на безбедносни перничиња, Key Safety Systems, која наскоро треба да започне со работа, распиша оглас за вработување на Референт за увоз-извоз. Кандидатот треба да има завршено високо образование (предност се зема завршен смер по надворешна трговија), добро познавање на царинските прописи, 2 години работно искуство на слично работно место и задолжително познавање на англискиот јазик. Познавање на Германски/Италијански ќе се смета како предност.

За останатите услови, прегледајте го целосниот оглас на следниот линк: http://demano.com.mk/open_konkurs.php?lang=mk&id=127#konkurs

Сите кои се чувствуваат кфалификувани нека испратат кратко CV и мотивациско писмо на hr@dekra.com.mk. Огласот е отворен до 25 ноември 2014 година.

КСС наскоро ќе започне со работа во хала на поранешната конфекција „Кикотекс“, а од 2015 треба да се всели во новата фабрика која дотогаш ќе никне во ТИРЗ Кичево. Фабриката ќе отвори околу 1000 нови работни места и значајно ќе ја намали невработеноста во Кичево. Огласите за работа во КСС ќе продолжат во периодот што претстои.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,