КУД „Бисер” настапи пред гостите на VIP – операторот во Маврово

КУД„ Бисер” Кичево во вторникот 7 мај, настапи  пред гостите  на ВИП- операторот од цел Балкан, што го организира туристичката агенција „Намико” од Скопје.

– Во вторникот  7 мај, нашето друштво за првпат се претстави пред гостите на ВИП  операторот од цел Балкан, кои беа поканети од  оваа компанија а го организира Т.А. „Намико” од Скопје. Пред видните гости се претставивме со изворна македонска програма, составена од песни,игри и инструментални изведби. Презадоволните гости од странство како и нашите домаќини, посакаа и на наредните вакви средби да бидеме нивни гости, што од наша страна секако дека беше прифатено – рече Младен Ванчоски, претседател на КУД „ Бисер” – Кичево.

Зоран Антоски