КУД „Младост”-Кичево на Меѓународен фестивал во Бујановац, Р. Србија

По 5-ти пат КУД„ Младост” Кичево ќе биде дел од Меѓународниот фолклорен фестивал Бујановац 2013, кој од 13 до 16 овој месец ќе се одржи во овој град од југот на Србија. Покрај двете друштва од Македонија, „Младост” Кичево и „Чегране” Гостивар, на фестивалот ќе настапат фолклорни ансамбли од Бугарија, БиХ, Црна Гора и две локални културно уметнички друштва.

– Ова е наше петто учество на фестивалот во Бујановац, на кој покрај нашето друштво, од Македонија ќе учествува и КУД„ Чегране”, друштва од Бугарија, БиХ, Црна Гора и домаќинот Србија. Од Бујановац ќе настапат друштвото на Србите КУД „Раковац” и друштвото на Албанците.

– Во трите вечери ќе настапиме на сцената пред Домот на културата, во центарот на градот. За годинава имаме подготвено две програми и тоа првата постава ќе се претстави со Еремија, игри од Источна Македонија, од Пиринска Македонија и Цветници, додека втората постава ќе се претстави со 3 точки и тоа Водарки, Ѓурѓовденка и
Циганчица. Инаку овој фестивал има ревијален карактер – информира Зоран Јовески, претседател на КУД„ Младост” Кичево.

Зоран Антоски