Заврши санацијата на кулата на Јордан Пиперката во Брезово

Категории: Демир Хисар, Македонија, Слајдер

Kula Brezovo

Со поддршка на Министерството за култура реализиран е проектот за санација и конзервација на кулата на истакнатиот македонски револуционер Јордан Пиперката во село Брезово, Демир Хисар.

Со цел заштита на овој значаен објект кој останал сочуван поради својата специфична градба, соопшти Министерството за култура, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола во изминатиот период го реализираа проектот за негова санација и конзервација. Во рамки на заштитните интервенции, како што се наведува, извршена е санација на севрно-источниот темел, санирани се северниот и источниот ѕид, извршена е реконструкција на натстрешницата и конзервација на влезните партии, а поставен е и нов покрив. При непосредната заштита, а во насока на  зачувување на автентичноста на кулата, користени се традиционални градежни материјали и техники карактеристични за тој период.

Според податоците, кулатa која за време на Илинденскиот период се користела за одбрана на селото Брезово е изградена 1530-тата година, а нејзиното настанување кореспондира со историскиот развој на ова демирхисарско село. Планирано е одбранбената кула внатрешно да се уреди во мал музеј кој ќе биде посетен од домашни и странски гости, стои во соопштението.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,