Во ОУ „Кузман Јосифовски“ часовите по фискултура како пред педесет години

Категории: Кичево, Слајдер

Учениците од ОУ„ К.Ј.Питу“ Кичево часот по фискултура го одработуваат на разорана ледина или во училница како пред педесетите години.

Училиштето нема спортска сала ниту блиско време има изгледи да се надмине проблемот.

-Иако уште ланската година требаше да започне изградбата на спортската сала, сепак економската криза ја одложи изградбата. За жал во блиска иднина нема да го добиеме толку посакуваниот спортски објект, а дотогаш 740 ученици од нашето училиште ќе работат на отворено во потоплите периоди или во училница во зима-рече Орце Наумоски, директорот на училиштето.

Во ова училиште своето основно образование го стекнале актуелните пратеници,  академици , професори , министри, амбасадори.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,