Ни замина Ламбе во Америка

Ја запроси девојката Магдалена на Голема Богородица, а се венчаа неполн месец подоцна, на Мала Богородица во манастирот Свети Јован Бигорски. Во ноември на Скопскиот фестивал и ја посвети песната „Сакам да си тука“.

Ламбе Алабаковски е вљубен до уши. Скоро два месеци е во Америка, кај неговата вереница со која ја дочека и новата 2013 година. Не се знае дали и кога воопшто ќе дојде. Незнае ни неговиот менаџер Иво Јанковски од М2 кој сепак изјави дека кога ќе се врати ќе продолжат со тековните активности.

Престојот во Америка го искористил и да се запознае подобро со родителите на Магдалена. Свадба планираат да направат ова лето. Ламбе, нека ти е со среќа!