Леопардите во мировна мисија ИСАФ во Авганистан

Категории: Кичево, Слајдер

Денес од кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме” ќе бидат испратени во 15 –та мировна мисија во Авганистан 149 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада од Кичево, задолжени за обезбедување на главната команда ИСАФ во Кабул.

Покрај овој контингент за Авганистан ќе заминат и еден штабен офицер во командата на ИСАФ и пет припадници на АРМ , кои ќе бидат распоредени во составот НСПС за поддршка на 209 корпус на авганистанската национална полиција.

На свеченоста ќе присуствуваат и првите луѓе од МО  и генералштабот на АРМ на РМ.

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,