Леши капетан бандата ја водише (9)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

Доаѓањето на филмови со тематика од Народно ослободителната војна во градот, задолжително носеше невидени гужви пред проекцијата на филмот. Таквите филмови претежно се прикажуваа во кино – салата од „домот ЈНА“ и разбирливо, оти самиот назив на установата беше во најдлабока врска со славното минато, обработувано во тие филмови.

Дојде филмот „Леши Капетан“. Главната улога ја толкуваше Александар Саша Гавриќ. Филмот е снимен по инспирација од II Светска војна и нејзиното завршување, кога на еден простор се менуваат повеќе пати различни власти. Како главен непријател на главниот лик Рамиз Леши (Саша), се појавува неговиот одметнат роден брат. Секое ослободување e пропратено со акции, борби, офанзиви, воени движења ………

Првиот ден, цел ден филмот по директива мораше да се гледа од страна на сите членови од С.С.Р.Н.Ј. (Сојуз на социјалистичкиот работен народ на Југославија). Вториот ден, цел ден филмот по директива мораше да се гледа од страна на сите членови од С.К. (Сојузот на комунистите). Дури третиот ден филмот можеше да се гледа од страна на обичните граѓани. Не беа малку мина што ги фаќаше ампата* да бидат сите денови на кино.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Активист овде, член онде, два дена не ти гинат задолжително на кино, пак уште на сето згора забава поинаква во градот сакант*, за да го „в пиеш“ целиот филм ќе си одиш и трет, четврти пат, дури го научиш в крај. Третиот ден, од мерак излезени двајца комшии и другари, старограѓани. Биле и на двата претходно ама сега овој пат за своја душа, ќеф пак да го гледаат. Сцени, со пукотници, напади, препади едно чудо и едно време до толку се соживеале со филмот, што веќе „можеле да направат разлика“ од првиот, вториот со третиот ден, па му се обраќа едниов на другиот со „констатација“: – „Аајјј Саша баѓи ослабел !!!!! /Е кај не ќослабит, сваден муаребиња* ….. потврдил другиот. …

P.S. Уште после првата проекција на филмот музичката индустрија од „Бела Кула“ веќе имаше хит кој го исполнуваа по улиците, млади таленти пеејќи: …. ЛЕШИ КАПЕТАН БАНДАТА ЈА ВОДИШЕ …………..

Ампа* од Турскиот јазик = со преносно значење во Кичевскиот дијалект – му се тори тежина на грб, тешкотија, си навлече мака ……….. Сакант* од Турскиот јазик = варди се, со преносно значење немој, …. Муаребиња* од Турскиот јазик = воени битки.

Раскажал З. Богески

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , , ,