Се бара либерализација на трговијата

Категории: Македонија

Економската соработка меѓу Македонија и Турција е на задоволително ниво, но има простор за нејзино уште поголемо унапредување. Бизнис-заедниците од двете земји, како што истакнаа на денешната работна средба во Стопанската комора, ќе продолжат со заложбите до нивните влади за целосна либерализација на трговијата. Тоа, напоменаа, ќе овозможи создавање одлична клима за инвестирање во двата правца.

Турција уште еднаш јавно ја покани Македонија што поскоро да ја почне иницијативата за пристапување кон Асоцијацијата на црноморските држави со што ќе и се олесни пристапот до нов пазар од околу 500 милиони жители.

– Нема успешна соработка ако бизнисот не оди во двете насоки и не дава избалансирана размена. Но, тоа може да се подобри со реализирање заеднички инвестиции и проекти, изјави Антони Пешев од Стопанската комора.

Меѓу врвните приоритети на Македонија, додаде, е соработката со нови пазари каде секако Турција зазема високо место.

– Нашата цел е традиционално добрите историски односи со Македонија да ги подобриме уште повеќе и во економскиот дел. По осамостојувањето на Македонија голем број турски компании дојдоа како инвеститори. Сепак, нашата желба е во наредниот период да ги интензивираме трговските односи, рече Исмаил Сафи, пратеник во турскиот Парламент кој ја предводи бизнис-делегацијата од Турција што деновиве престојува во Република Македонија.

Трговската размена меѓу Македонија и Турција во првите шест месеци од годинава бележи благ пад во однос на истиот период лани, пред се поради глобалната економска криза. Значително подобри резултати се очекуваат во втората половина од 2012. Во 2011 размената достигнала 417 милиони долари што е 34,1 отсто раст во однос на 2010. Извозот од македонска страна достигнал 73,3 милиони долари, а увозот бил за 32,3 проценти поголем. Македонија во Турција најмногу извезува текстил, мермер, феросилициум, сурови кожи и прехранбени производи, а увезува електрична опрема, бела техника, лекови, козметика, текстил, обувки…

Пешев, кој нагласи дека серија големи турски инвестиции се реализираа во изминатиот период меѓу кои ТАВ и „Џеваир Холдинг“, ги повика и останатите потенцијални вложувачи од Турција особено, како што рече, „Шише џам“ која стартуваше, но се уште не оствари конкретни активности.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,