Кичевчаните Line Out и со акустична верзија на песната „Како првиот ден“

Бојан & Бојан, кичевчаните кои подобро ги знаеме како Line Out, наското ќе ја објават акустичната верзија на нивната прва песна „Како првиот ден“. Видео записот за оваа песна ќе биде на Славе Викторијоски. Нумерата треба да излезе пред Нова Година.

Покрај оваа песна, бендот најавува нова песна во соработка со Зоран Алексиќ.

Првата песна на Line Out е целосно дело на Милан Миланов.

Line Out – Kako prviot den (Official Music Video) ²º¹²