Локализиран пожарот над Строгомиште и Букојчани, изгаснат над Пречиста и фатен предизвикувач на пожарот

Категории: Кичево, Слајдер

Пожарите кои до вчера беснееја во атарите на селата Строгомиште и Букојчани се споија во еден голем пожар. Пожарот беше локализиран утрово околу 10 часот. Но околу 12 часот истиот се реактивира и продолжи да се шири. Интервенирано е со по 7 прелети на авионите Канадери.

– Во моментов на терен ангажирани се екипи на Шумското Стопанство „Лопушник“ од Кичево кои го ставија пожарот под контрола – информира Сузана Тасевска од Центарот за управување со кризи – Кичево.

Во пожарот гори нискостеблеста дабова шума и смрека. Теренот кој е зафатен од стихијата е доста непристапен, а ветерот создава дополнителни проблеми во гасењето на пожарот.

Пожарот кој синоќа се избувна во близина на манастирот Света Богородица Пречиста набргу бил изгасен, а полицијата има приведено можен сторител на истиот.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,