Локалните избори ќе се одржат на 24 март

Вељаноски денеска согласно роковите утврдени во Изборниот законик го потпиша Решението за распишување избори на членови на советите на општините и Советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје кои ќе се одржат на 24 март.

Законските одредби предвидуваат локалните избори да се одржат во втората половина на месец март, а во законскиот рок од 70 до 90 дена на располагање биле два термини, првиот е 24 март, а вториот 31 март, но бидејќи на 31 март е голем верски празник Велигден за граѓаните од католичка вероисповед спикерот одлучил локалните избори да ги закаже на 24 март.

Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија како орган за спроведување на изборите.

Претседателот на Собранието во денешната куса изјави ги повика сите учесници во изборниот процес своето однесување и своите постапки да ги раководат и усогласат исклучиво со одредбите од Уставот и законите на најдостоинствен начин што, според него, ќе овозможи континуитет во добивањето на најпозитивни оценки за спроведување на овој исклучително значаен процес.