Влатко Лозаноски со победа за радиски хит на годината на „Марс2014“

MARS-2014-23

Песната „Мандарина“ на Влатко Лозаноски е прогласена за радиски хит број 1 за 2014 година. Во исто време, оваа песна беше изгласана и од фановите на facebook за Хит по нивен избор за 2014 година.

Лозано доби парична награда од 30.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година за свој солистички концерт.

Македонскиот радиски фестивал се одржа по 7-ми пат.