Влатко Лозаноски ќе не претставува на Евровизија!

Најпосле и сосем заслужено, нашата поп-ѕвезда Влатко Лозаноски ќе јапретставува Република Македонија на изборот на песна за Евровизија која ќе се одржи во Шведска. Лозаноски ќе настапи во дует со Есма Реџепова.

Македонската Радио Телевизија направи одличен избор и веруваме дека ќе ги оправда очекувањата. Промоцијата на евровизиската нумера ќе се случи на почетокот на идната година.