Стартува Лига на Шампионите

Со одигрувањето на првите осум натпревати, вечерва стартуваат возбудувањата од најквалитетното фудбалско натпреварување во Европа, Лигата на Шампионите сезона 2012/2013.  Сите натпревари од ова коло започнуваат во вообичаениот термин, 20 часот и 45 минути. Македонската Радио Телевизија ги откупи правата за пренос на натпреварите.

Двојките за вечерва се:

Група А:

Динамо Загреб – Порто

ПСЖ – Динамо Киев

Група Б:

Монпеље – Арсенал

Олимпијакос – Шалке

Група Ц:

Милан – Андерлехт

Малага – Зенит

Група Д:

Реал Мадрид – Манчестер Сити

Борусија Дортмунд – Ајакс

Утре се комплетира првото коло со одигрувањето на останатите осум натпревари:

Група Е:

Челзи – Јувентус

Шахтјор Доњецк – Нордсјеланд

Група Ф:

Баерн Минхен – Валенсија

Лил – Бате Борисов

Група Г:

Барселона – Спартак Мосва

Селтик – Бенфика

Група Х:

Манчестер Јунајтед – Галатасарај

Брага – Клуж