Ова се групите за Лигата на шампионите 2013/2014

Во Монако денеска со извлекување беа одредени осумте групи од новата сезона во Лигата на шампионите.

Наполи и нашиот репрезентативен капитен Горан Пандев за противници ги добија: Арсенал, Олимпик Марсеј и Борусија Дортмуд, додека Стеауа на македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски е во група со Челзи, Шалке 04 и Базел.

Распоред на групите:

А група: Манчестер Јунајтед, Шахтјор, Баер Леверкузен, Реал Сосиедад.

Б група: Реал Мадрид, Јувентус, Галатасарај, Копенхаген.

Ц група: Бенфика, ПСЖ, Олимпијакос, Андерлехт.

Д група: Баерн, ЦСКА Москва, Манчестер Сити, Викторија Плзен.

Е група: Челзи, Шалке 04, Базел, Стеауа.

Ф група: Арсенал, Олимпик Марсеј, Борусија Дортмунд, Наполи.

Г група: Порто, Атлетико Мадрид, Зенит, Австрија Виена.

Х група: Барселона, Милан, Ајакс, Селтик.

Првото коло ќе се одигра на 17 и 18.септември 2013 година. Финалниот натпревар се игра на 24.мај 2014 година во Лисабон.