Документарна фотографија – Луис Хајн [#3]

Категории: Лично

Луис В. Хајн (29.09.1874 – 3.11.1940) бил американски социолог и фотограф. Тој ја користел неговата камера како алатка за социјално реформирање. Неговите фотографии биле инструмент во придонесот за правата на децата за работа во САД .

Животот на Луис В. Хајн

Тој е роден 1874 година во Оскош Висконсин. Откако неговиот татко починал во сообраќајна несреќа тој почнал да работи и да штеди пари за образование. Студирал социологија на университетот во Чикаго, колумбискиот универзитет и универзитетот во Њујорк. Подоцна станува учител во Њујорк во етичко културно школо. Во тоа школо тој ги охрабрувал своите студенти да ја користат фотографијата за образовни цели. Групата на ученици патувале на елискиот остров на пристаништетето во Њујорк со цел да ги фотографираат илјадниците имигранти кои пристигнувале секојдневно. Помеѓу 1904 и 1909 Хајн направил преку 200 фотографии со што дошол до идејата дека можеби фаотографиите прикажани како документарки можат да придонесат за социјални промени и реформи.

Документарна фотографија

Во 1906 Хајн станал дел од фондацијата на Русел. Во овој период Хајн ги фотографирал луќето кои коваат челик и луќето од Питсбург, Пенсилванија за влијателно социолошко проучување наречено Преживувањето во Питсбург. Во 1908 година ја напушта својата учителска професија и  станува дел од детската заедница за деца кои работат. Во наредната декада тој документирал за овие деца во американската индустрија со цел да престане искористувањето на работната сила на децата.

Во текот и после втората светска војна го фотографирал американскиот црвен крст во текот на нивната работа во Европа. Во 1920 и раните 30 –ти години тој направил низа на работни портрети кој го истакнуваат човечкиот придонес за модерната индустрија.  Во 1930 Хајн бил задолжен да ја снима конструкцијата на EMPIRE  STATE BUILDING.

Хајн направил опасни фотографии додека ги сликал работниците како го заваруваат железото и додека работеле на градбата меќу кои имало фотографии на работници кои се повредуваат во текот на работата. За да постигне поголем резултат во својата работа тој бил виснат над таа авенија во кошница на височина од 50 метри.

Во текот на Големата Депресија повторно работел за црвениот крст фотографирајќи ја состаојбта во јужна америка и долината Тенеси и документирање за животот во планините на источен Тенеси. Исто така има работено како главен фотограф во Администарција за работни прогреси, национален истражувачки проект кои ги проучувале промените во индустријата и влијанието врз вработеноста. Хајн исто така бил член на факултетот за  Етичка култура во Филдстон.

Конгрсот за библиотеки има повеќе од 5000 негови фотографии вклучувајќи примери од неговата работа со деца, со црвен крст, негови портрети и слики. Една од поголемите институционални колекции на Хајн која се наоѓа во  куќата на Џорџ Истман вклучува речиси 10 илјади фотографии и негативи и речиси 5 илјади NCLC фотографии од библиотеката на Албин и галеријата на университето од Мариленд, Балтимор.

Покасниот живот

Во 1936 , тој бил одбран за фотограф на национланиот истражувачки проект за делата на административните проекти за работа но неговата работа за ова никогаш не била завршена.

После оперативниот зафат тој починал на 66 годишна возраст на 3 Ноември 1940 година во болницата Добс во Њујорк.

После неговата смрт неговиот син Коридон  ги донирал неговите дела и негативи ви лигата на фотографии која се распаднла во 1951. Неговите дела не биле прифатени од Музејот на Модерна уметност но биле прифатени од  куќата на Џорџ Истман во Ројчестер .

М-р Јован Наумоски

Фото Клуб Пиксел

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,