Спомените на Лука Ѓеров, Втор дел

Категории: Кичево, Ризница, Слајдер

Лука Ѓеров е македонски револуционер и организатор на револуционерното движење во Кичево и кичевско. Роден битолчанец, по потекло од Охрид. Неколку години крстосувал низ кичевско и претставува еден од најважните извори за историските настани од илинденскиот период. Во четири продолженија ќе ги пренесеме неговите спомени. Возбудливо е кога се читаат. Спомените се пренесени извоно како што се и запишани. Можеби ќе пронајдете некој ваш предок во неговите спомени. Драгоцени зборови кои од директен учесник и свидетел на едно тешко, но славно време за Кичево и кичевско.

* * *

II.

Борба со арнаутските угнетувачи на народот. Првите две чети во Кичевско. Џеров и др. во затвор. Од Смилевскиот конгрес Џеров назначен за реонски началник во Кичево. Вооружување за востание

Во тоа време четата го отепа зулумџијата-Арнаутин Ремко, од селото Солб. Тоа е арнаутско село, населено со Арнаути, доселени од Дебар и познати по тоа што во 1840 година востанале против султанот, па селото им беше уништено. Тој Ремко економски беше заробил многу села и во Демир Хисар и во Кичевско. Тој веќе ја имаше намирисано нашата Организација. Се чини дека беше и поткупен од Србите, зашто советувал да се купуваат српски книги. Тој беше итар, но не убиваше христијани и постапуваше со итрина. Убиството предизвика претреси по околните села – имаше затворени, измачувани, но ништо не се откри. Ремко беше отепан во близина на селото Малкоец, Кичевско.

Вооружувањето беше ставено на втор план, а главно се водеше агитација. Српската пропаганда дејствуваше главно во градот и отгука се насочуваше кон селата во Поречието Таа не ни пречеше, особено во Копачка кај што дејствуваше. Во текот на 1899 година, селаните од село Добреноец, под наше влијание сами ја уништија четата на прочуениот арнаутски разбојник Зулко. Заедно со него отепаа и тројца негови другари, со кои дошол во селото. Ништо не им се случн и не се разбра кој ги отепал.

Поп Тома

Поп Тома Николов. Роден е во с. Вранештица, Кичевско во 1861 година. Активен учесник во револуционерното дело во Кичево и Кичевско. Умира во 1946 година во Софија. Повеќе

Во истата 1899 година, кон крајот на јуни, беа убиени дебарските бегови и аги: Абдураман бег и други 4 првенци од Дебар. Четата избрзала, без да добие дозвола од началството. Абдураман бег, исто како и Ремко, беше ги заробил мијачките села – Лазарополе, Галичник и др. Беше речено четата да чека до есента со убиството, и ако може жив да го фати, за да се земе потоа голем откуп за комитетот. Четата избрза: разбрале дека Абдураман бег ќе оди да купува чифлик во Прилеп и дека со себе ќе носи 2000 лири. Го отепаа на граница меѓу Кичево и Дебар, но нашле само 150-160 лири. Дебарските власти, за да се оправдаат, велеа дека го убиле кичевските комити, а пак кнчевскиот кајмакам одлучно негираше дека има комити во неговиот реон. И така во Кичевско не беше никој затворен. Но Арнаутите се сетија дека убијците се комити, зашто нашите жртвите ги заклале со ножеви, а на тој начин Арнаутите не убиваат. Се помисли дека ги отепал дебарскиот разбојник Рамдука, кој два дена пред тоа минал покрај Лопушник, местото на убиството. Арнаутите почнаа да се одмаздуваат во Лазарополе и Душегубица, зашто меѓу тие две села се случи убиството. Го отепаа прво кметот на Лазарополе Боско, потоа уште 6 момчиња. Ги отепа Рамдука. Истиот Рамдука, заедно со околу 100 души, во текот на ноември 1899 година го нападна Душегубица, го запали и изгоре 40 куќи, отепа 1 старец, 1 жена, 1 момче на 11 години. Имаше наши четворица со комитетски пушки: излегоа, фатија позиција и ги избркаа. Истата година ме затворија мене и уште 12-13 души, меѓу кои главни беа ѓакончето и ѓаконот Тома, архиерејскиот намесник во Кичево, кичевските учители и др. Еден од нашнте работници во пијана состојба кажал некои тајни иа Организацијата и затоа не затворија. Лежевме околу 8 месеци во кичевскиот, потоа уште пет во битолскиот затвор. Немаше други сведоци, па со поткуп и со пријатели, излеговме. Еден Турчин, полјакот од Бигор-Доленци, по име Бекир, се заколна дека ние сме чисти, а всушност сведочеше лажно, и тоа не за пари. Српските агенти беа многу задоволни, зашто имавме преземено здрави мерки да ја запреме српската пропагавда во Поречието, а откако не затворија нас и најдобрите селани кои работеа со нас, населението се исплаши. Србите тогаш го беа поткупиле и кајмакамот. Со нас беше затворен и селанецот Анастас од селото Манастирец, седиштето на србоманите во Поречието. Тој Анастас беше со нас; тој беше богат и мошне влијателен. Кога го пуштија од затвор заедно со нас, го отепаа Арнаути, поткупени од Србите, пред неговата куќа. Тоа убиство го вознемири населението и тоа почна да ја губи надежта дека ќе се извлече од србоманите кои работеа со Турците.

Ѓакончето една година по затворот умре дома од офтика, пишувајќи го во креветот распоредот за четите. Тома ѓаконот отиде во Кичево и пак го примија за архиерејски намесник. Мене не ми дозволија да учителствувам, па останав во Битола, божем учител, а вршев комитска работа како член на окружшот комитет. Сите курири од крушевскиот, демирхисарскиот, кичевскиот и дебарскиот реои работеа преку мене, а исто така и кореспонденцијата одеше преку мене. Во текот на 1901/2 заврши вооружувањето на реоните и заздраве Организацијата. Повторно се купуваа грчки пушки, а потоа од Тетово се доставуваа и мартинки, но расипани. Подоцна се набавија гра пушки, низ друг канал, преку Охридско. Грчки пушки се пренесуваа и од Преспа.

Бидејќи останав во Битола, со комитетот во Кичево раководеше ѓаконот Тома, а кога него во летото 1902 година го преместија во Дебар, го наследи Ангеле Бунгуров, родум од Кичево, интелигентен човек, трговец. Во Кичево имавме две чети – едната под војводство на Наке Јанев, која пејствуваше во Кичевско, (Горна Копачка) и во Дебарско, помијачките села (Мала Река), а другата чета ја водеше Арсо Мицков (од Подвис).

Во текот на мај 1903 година, од Смилевскиот конгрес бев определен за реонски началник во Кичевско („горски началник”).

Од Битола излегов со нова чета. Со нас беа и Лозанчев, Пере Тошев, кој беше дојден од Софија и други. Се разделивме во Кичево. Јас остаиав со кичевските чети. Одев де со едната де со другата. Сите села, без исклучок, веќе беа организирани и подготвени за востание. Во Кичевско (без Поречието) најдов 540 пушки, во просек со по 50 патрони на пушка (едни имаа 100-тина, други по 7-10-15 патрони). Во резерви имаше барут, но олово иемаше воопшто. Јас донесов повеќе машинкн за полнење патрони, лекови (ацид фениц, кристализиран, па сами си правевме карболова вода, памук, јодоформ-гас и др.). До востанието успеавме да купиме 60 оки барут од Дебарско, околу 400 окн олово од Битола и околу 4000 празни, неупотребени патрони. Во тоа време при една обиколка на мијачките села собравме околу 400 лнри; владиката ни прати 50 лири, игуменот ни даде 20 лири. Со тие пари ги задоволивме главните потреби. Поскапата облека со наредба ја скривме.

Се назначија селски војводи за селските четн. Во поголемите села имаше повеќе чети. Најголемата чета имаше 25 души. До востаннето не дојде никој од раководството. Наминаа за кусо Даме и Сарафов, но беа само во едно село. Давидов ги обнколн повеќето кичевски села. Делчев не дојде во Кичевско. Сам направив план за дејствијата. Во почетокот мислев да го нападнам Кичево, но од Штабот ме советуваа да не преземам такво нешто.

Утре:

III) Првите востанички дејствија на 20 и 21 јули. Нападот на Кичево. Жестоки судири со аскерот и башибозукот. Привремено затишје

Претходно поглавје:

Биографски податоци. Џеров во Демирхисарско. Првите војводи во Поречието и во Демирхисарско. Улогата на манастирот „Пречиста”

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , , , , ,