Лустриран кичевски судија

Категории: Кичево, Слајдер

Комисијата за верификација на фактите утврди дека поранешниот судија во Основниот суд во Кичево, Драги Билески бил соработник на тајните служби.

Билески, поранешен судија од Кичево, бил користен од службите како оперативна врска за следење на активностите и коментарите на одредени лица кои биле цел на службите. Во решението на комисијата за лустрација стои дека давал одредени информации за поодделни лица пред инспекторите на Управата на Службата за државна безбедност. Управата го користела за следење на активностите и коментарите на лица кои биле интересни за неа.

Според објавениот документ, Билески следел и давал информации за една позната младиска група од Кичево, поточно од кичевската гимназија и нивниот професор,  која се залагала за ослободување и обединување на Македонија. Тој ги информирал службите за активностите на групата и нејзините членови. Покрај неа, во документот се среќаваат иселеници, Македонци и Албанци кои членувале во групи кои тогаш биле предмет на обработка на тајните служби.

Повеќето од имињата на обработуваните лица во објавените документи се пречкртани со црно мастило.

Комисијата за верификација на фактите на својата веб страница досега објави имиња на 36 лица за кои утврдила дека соработувале со тајните служби.

Во прилог:

Решение

Документ 1

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,