Лустрирани уште тројца соработници од кичевско

Категории: Кичево, Слајдер

lustracijaКомисијата за верификација на фактите на денешната седница разгледуваше седум предмети за кои ги усвои и извештаите.

За две лица беше утврдено дека соработувале со поранешните тајни служби од идеолошко политички причини, а за едно дека било наредбодател и корисник на информации, изјави членот на Комисијата Предраг Димитровски. Што се однесува до останатите четири предмети, Комисијата ќе ги проверува личните податоци на лицата опфатени со нив по што ќе донесе и конечни решенија.

Двете лица прогласени за соработници се живи и нивните имиња и документите ќе бидат објавени на веб – страната, додека наредбодателот е починат и неговото име ќе биде ставено само во регистерот на лустрирани.

Соработниците, како што информира, биле директори на основните училишта во кичевските села Јагол Доленци и Србица.

Поранешниот директор од основното училиште во Доленци, работел како оперативна врска под псевдонимот „Туин“ и давал информации за прашања врзани за албанскиот национализам и иредентизам на територијата на Кичево и помагал и давал информации за случувања поврзани за процесот на политичко-партиски диференцијација на кадри од институциите на системот во градот.

Лицето, поранешен директор на ОУ „Лирија“ во Србица, работел како оперативна врска под псевдонимите „Диас“ и „Директор“. И тој исто така обработувал лица кои наводно настапувале од позиции на албански национализам и иредентизам.

Наредбодателот, кој е починат, а потекнувал и работел во Струга, давал и поддржувал наредби за обработка на соработници, како и за следење на лица кои настапувале на македонски и албански национализам.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,