Намалена видливост на сите излези од Кичево

И денес како и минатите денови има намалена видливост на сите патни правци кои водат кон Кичево. На превојот Стража видливоста е од 20 – 50 метри, од Кичево кон Македонски Брод од 50 – 100 метри. Видливост од 50 – 100 метри има и на превојот Пресека и на патот Кичево – Битола.

Препорачливо е внимателно возење. На сите патни правци можна е појава на одрони.

Од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.