Македонец на чело на американски истражувачки тим

Категории: Македонија, Слајдер

Hristovski
Тим американски научници од Државниот Универзитет на Аризона (АСУ), предводени од научникот со македонско потекло, професор доктор Кирил Христовски, се ангажирани да бидат дел од новиот американски национален центар за истражување и развој на мали системи за отстранување на штетни материи од водата за пиење.

Во програмата, порачана од страна на американската Агенција за заштита на животната средина (УС ЕПА), Државниот Универзитет на Аризона во соработка со универзитети од Колорадо, Аљаска и Њу Хемпшир ќе формира мултиуниверзитетски центар кој ќе развива нови технологии за прочистување вода, особено применливи за малите водоводни системи во САД. Центарот ќе соработува со други универзитети и со локалните власти низ САД и Канада, за да им помогне да обезбедат чиста вода за пиење на своите граѓани.

– Изборот на АСУ да биде дел од овој проект потврдува дека ние сме една од водечките истражувачки институции за развој на решенија кои придонесуваат за заштита на животната средина и јавното здравје, вели доктор Христовски.
Тимот научници од АСУ ќе работи на развој на фотохемиски решенија за прочистување на водата за пиење, со крајна цел користење на сончевата светлина или вештачки извори на светлина за претварање на нитратите кои се наоѓаат во водата до безопасен азот кој претставува најголем дел од атмосферата. – Централна улога во нашите потфати ќе имаат нано-материјалите”, додава Христовски.

Се смета дека 24 милиони жители на САД годишно се изложени на прекумерно дејство на нитратите и сличните азотни соединенија, што го прави овој елемент еден од главните загадувачи на водата за пиење.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,