Македонската репрезентација вечерва против Шкотска

Категории: Спорт

Вечерва во Глазгов нашата фудбалска репрезентација се среќава со репрезентацијата на Шкотска во рамките на кфалификациите за СП Бразил во 2014 година.

По петочниот натпревар каде игравме одлично и несреќно загубивме нашиот селектор вели дека одиме на победа.

Шкотските медиуми посветија големо внимание на овој дуел обрнувајќи внимание на македонските напаѓачи Пандев и Тричковски. Фудбалерот на шкотската одбрана, Кени Милер, даде изјава дека неговата репрезентација мора да оди на победа.

Натпреварот почнува во 21 часот.

Покрај овој натпревар се играат  и останатите натпревари од другите групи.

Во рамките од групата „А“ ќе се играат и натпреварите, Србија – Велс (20.30 часот) и Белгија – Хрватска (20.45).

Двојки за 22.коло во останатите групи:

Група Б: (20.45 часот) Бугарија – Ерменија и (20.45) Италија – Малта. Слободни во ова коло се селекциите на Чешка и Данска.

Група Ц: (20.30 часот) Шведска – Казахстан и (20.35) Австрија – Германија. Слободни се Република Ирска и Фарски Острови.

Група Д: (19.30 часот) Романија – Андора, (20) Турција – Естонија и (20.30) Унгарија – Холандија.

Група Е: (19 часот) Кипар – Исланд, (19) Норвешка – Словенија и (20.30) Швајцарија – Албанија.

Група Ф: (19 часот) Израел – Русија, (20.45) Северна Ирска – Луксембург и (21.15) Португалија – Азербејџан.

Група Г: (20 часот) Босна и Херцеговина – Летонија, (20.15) Словачка – Лихтенштајн и (20.45) Грција – Литванија.

Група Х: (20.30 часот) Сан Марино – Црна Гора, (20.45) Полска – Молдавија и (21) Англија – Украина.

Група И: (19.30 часот) Грузија – Шпанија и (21) Франција – Белорусија. Во ова коло од оваа група ќе паузира селекцијата на Финска.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,