Милошоски: Македонија заслужува да биде рамноправна членка на НАТО

Категории: Македонија, Слајдер

Пред 100 години, во бесмислената војна загинаа многу млади војници, но најголемата жртва на ова поднебје беше Македонија, истакна потпретседателот на Собранието на Република Македонија Антонио Милошоски, на Француските воени гробишта во Битола, каде вчера беше одбележан 11 ноември, Денот кога во 1918 година беше потпишано примирјето меѓу завојуваните страни.

– Пред 100 години многу млади војници, французи, германци, беа жртви на една бесмислена војна, но не смееме да заборавиме дека пред 100 години најголемата жртва на таа војна беше земјата која не учествуваше во таа војна, а тоа е Македонија и која денес е тло на овие гробишта. Не смее да се заборави дека ние денес сме земја која што со Франција и со Германија има одлични сојузнички односи, нашите војници заедно со нивните се во мировни мисии, и затоа порачувам – памтејќи го минатото, заслужуваме денес и во иднината, Македонија да биде рамноправна членка на НАТО заедно со Франција и Германија, нагласи Милошоски.

На церемонијата што се одржа во Битола, пораки за мир упатија амбасадорките на Германија Кристине Алтхаузер и на Франција, Лоренс Оер кои беа едногласни во ставот дека страдањата никогаш не треба да се повторат.

– Развивајте соработка, надминетете ги тешкотиите и никогаш да не се повторуваат војни кои со себе носат многу мртви. Работете за мир, порача амбасдорката Алтхаузер.

Амбасадорката на Франција Лоренс Оер истакна дека во војната страдаа градот и околината на Битола и затоа наскоро ќе биде изграден музејски простор, од кој исто така секогаш ќе се испраќаат пораки за мир, меѓусебна доверба и помирувања.

По повод 11 ноември Денот на примирјето и 100 годишнината од почетокот на Првата светска војна, венци положија министерот за одбрана Зоран Јолевски, делегации на дипломатскиот кор во Република Македонија и градоначалникот Владимир Талески, а во спомен на загинатите, ранетите, раселените и исчезнатите лица од сите војни и сите народи, обраќања имаа и свештеници од Македонската православна Црква-Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница и Католичката црква.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,