Одржан првиот натпревар во далечинско пливање на езерото Козјак

Категории: Македонија, Слајдер

Вчера за прв пат на езерото Козјак се одржа натпревар од Македонскиот куп во далечинско пливање Козјак 2013..
Децата на возраст до 14 години пливаа на патека долга 2500 метри.Во оваа категорија првото место го освои Никола Василески,второто му припадна на Мартин Тодоровски а како трет заврши Давор Петровски.Кај девојчињата Искра Стојаноска го освои првото место,Марта Чолакоска се пласира на второто, додека трета низ целта мина Бојана Стефановска.
На трката за младинци до 17 години се пливаше на патека долга 5 000 метри ,во машка конкуренција Михаил Трпчески го совои првото место,Марио Џуговски беше втор а Виктор Смилевски се пласира на третото место.Во женска конкуренција Ангела Ниниќ беше најуспешна,Мирјана Домазетова беше второпласирана а Евита Насевска заврши како трета.
Во главната трка  на 10 000 метри за сениори,Александар Илиески го освои првото место,Андреј Стојаноски беше втор а Илија Стојановски се пласира на третото место.Ели Секуловска кај сениорките беше најдобра,Сандра Иванова се пласира на второто , додека Марија Јаневска заврши на третото место.
За најдобрите во сите категории беше наменет награден фонд од вкупно 300 000 денари.Натпреварот го организира  ПФМ а технички организатор беше ЈП „Јасен“. Вториот натпревар од Македонскиот Куп во далечинско пливање  ќе се одржи следниот викенд на Дојранското Езеро.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,