Медитеранската диета поефикасна против дебелината

Категории: Магазин

Спроведувањето на медитеранската диета може да биде поефикасен начин во борбата со дебелината во Велика Британија од „броењето на калориите“ и нивното намалување, сметаат група угледни британски лекари и здравствени експерти.

Во заеднички текст објавен во медицинското списание „Медикал Џурнал“ тие констатираат дека медитеранската дитеа брзо го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, како и дека ваквата диета е подобра од сега популарното намалување на мастите во телото и на масната храна,за да се намали телесната тежина.

Појавувањато на написот во кои се истакнува прдноста на медитерската диета, доаѓа по сериозното предупредување од раководството на британското јавно здравство (НХС) за забрзаното дебелеење на Британците и за потребата од итна акција против гојазноста и болестите што таа ги предизвикува.

Според мислењето на лекарите во нивиот напис во „Медикал Џурнал“, медитеранската диета се состои од квота за земање храна, па таа дава подобри решенија,затоа што не сугерира земање на помалку калории,туку кон определување добар нутризионизам.

Медитеранската диета содржи изобилство од овошје и зеленчук, како и ореви, лешници и бадеми и маслиново масло, а истражувањата што се направени покажуваат дека исхраната во кои се содржани овие прехранбени производи побрзо го намалува ризикот од мозочен и срцев удар и помага повеќе за одржување на здрава телесна тежина, отколку само намалувањето на калориите.

Медицинските експерти ваквата констатација ја бранат со сознанијата дека медитеранската исхрана е силно калорична, но се покажа како поздрава затоа штп е нутриционистички многу поразлична.

Примената на оваа диета по преживеан срцев удар може да е три пати поефикасно од примената на разните медикаменти за намалување на холестеролот,оценувааат лекарите,автори на написот во „Медикал Џурнал“.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,