Новиот „Медиум“ го добива завршниот изглед

По едномесечна интензивна работа, новиот Медиум го добива завршниот изглед и преостанува до крајот на наредната седмица и официјално да ги прими првите гости. Терасата ќе биде на две нивоа, ентериерот од најсовремен европски производител, а Кичево конечно ќе добие локал каков што и заслужува.
Според менаџментот на новиот Медиум, истиот треба да ги отвори вратите за првите гости на 10-ти август, со што и официјално ќе почне со работа. Овој локал ќе биде причина плус транзитерите кои минуваат низ Кичево , да дојдат  во центарот на градот и да испијат едно кафе во неповторливиот амбиент на новоотворениот локал.
За туристичка промоција на Кичево, потребно е да се промени и изгледот на Китиното кале.
Tекст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)