ВИДЕО: Рускиот метеорит бил соборен со ракета?

Интересно видео на кое може да се забележи дека објект, налик на ракета се движи накај метеоритот и го удира по што истиот се распрскува во делови. Руските власти не се изјаснија дали воопшто имало било каква интервенција од нивна страна. Доколку метеоритот не се распрснеше и паднеше во едно парче, последиците ќе беа катастрофални, бидејќи би предизвикал експлозија 20 пати посилна од атомската бомба во Хирошима.