Кичевчанецот Миле Ѓорѓијоски добитник на прва награда на фестивал во Шабац

Категории: Кичево, Слајдер

Годинашен добитник на првата награда на престижниот фестивал за афоризам, хумор и сатира „Шабатска чивијада“ што се одржува во Шабац, Република Србија е македонскиот афористичар Миле Ѓорѓијоски.

Наградата на Миле Ѓорѓијоски од Кичево, кој последниве три децении живее и твори во Делчево, ќе му биде врачена утре.

– Оваа награда ми е посебно драга, бидејќи  жирито на традиционалната „Шабатска чивијада“ од над 100  кратки литературни творби од афористичари во целиот свет ги награди  сетот мои афоризми на тема „Времето е најдобар судија – него никој не може да го поткупи“, изјави наградениот македонски афористичар.

Фестивалот „Шабачка чивијада“ е еден од најстарите и најреномираните фестивали на афоризам, хумор и сатира на Балканот.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,