Милошевски со лиценца за Европски судија во карате

Категории: Кичево, Слајдер

На 11. Европско екипно првенство за региони, што се одржа изминатиов викенд во Херцег Нови (Црна Гора)  нашиот карате мајстор Дејан Милошевски положи за Европски карате судија за кати и борби.

“Ми претставува голема чест што Кичево за прв пат доби Европски карате судија. Ова  беше голем предизвик за мене, мојата желба и вложениот труд ми донесоа нов успех во мојата кариера. Голема благодарност до мојот ментор, г-дин Примож Дебенак, до претседателот на карате федерацијата на Република Македонија, г-дин Драган Стојановски и до сите други што ми помогнаа и што веруваа во мене.” – истакна Милошевски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,