Антонио Милошоски на конференција во Брисел

Категории: Македонија, Слајдер

Антонио Милошоски ќе биде активен учесник и говорник на конференцијата насловена „Западен Балкан – иднината со Европа“, која ќе ја отвори еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, јавува МИА.

Пратеникот Милошоски како претседател на Комисијата за надворешни работи во македонското Собрание, денеска ќе присуствува на конференција во врска со земјите од нашиот регион и нивната иднина во Европската унија што во организација на Европските народни партии (ЕПП) ќе се одржи во Европскиот парламент во Брисел.

Милошоски, кој денес полни 37 години по овој повод утрово на својот facebook профил напиша:

– Роденденски расположен, со 37 аргументи :) , во името на Република Македонија ќе настапам на конференцијата “Western Balkans: A Future With Europe”, заедно со  во Европскиот Парламент во Брисел. Тортата ќе биде замрзната до добивањето на датумот за преговори со ЕУ :)

Инаку, покрај Милошоски и Филе, на оваа тркалезна маса ќе учествуваат и премиерот на Албанија, Сали Бериша, заменик-претседателката задолжена за евроинтеграции на Србија, Сузана Грубјешиќ, како и Жељана Зовко (советник на претседателот на Советот на минситри на Босна и Херцеговина), Иса Мустафа (градоначалник на Приштина) и Дубравка Шуица (потпретседателка на партијата ХДЗ од Хрватска).

Од страна на Европската унија, покрај еврокомесарот за проширување, се очекува присуство и на претседателот на Генералното собрание на ОБСЕ, Рикардо Миљиори, додека со конференцијата ќе модерира Хунар Хокмарк, потпретседател на групата на ЕПП во европскио парламент.

Како што е познато, Европските народни партии се најбројна парламентарна група во ЕП, а владејачката македонска партија ВМРО-ДПМНЕ е исто така нејзина членка.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,