Милошоски: Секој бојкотиран глас на локалните избори ќе значи радост за оној што не ни мисли добро

Категории: Македонија, Слајдер

Секој бојкотиран глас на претстојните локални избори ќе значи радост за оној што не ни мисли добро, порача синоќа од Струга, Антонио Милошоски, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Промовирајќи го кандидатот за градоначалник на Струга од ВМРО-ДПМНЕ, доктор Владимир Кочоски и листата на кандидати за советници, Милошоски рече дека изборите нема да бидат лесни, а на стружани им порача да бидат сплотени како никогаш досега.

– Нашата парола за овие избори во Струга е една и единствена-стружани за Струга, Струга за стружани. Да ги следиме постапките на нашите сестри и браќа од Мислешево и по победата на 24 март, да го кренеме јарболот и македонското знаме, рече Милошоски.

Тој ги повика членовите и симпатизерите на СДСМ да им се придружат и да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Кочоски за, како што рече, да се стави крај на осумгодишното назадување на градот.

Кандидатот за градоначалник на општина Струга доктор Владимир Кочоски вети изградба на локални патишта и улици, реконструкција на училиштата, на амбулантите, и на детските и спортските игралишта, изградба на паркови, канализациски и водоводни мрежи, создавање услови за вработувања и друго.

– Сите овие проекти се вистински одговор на приоритетните проблеми, барањата и потребите на сите граѓани на  општина Струга. Оваа Програма нуди препород за Струга и за сите населени места во општината. Нуди развој, прогрес и перспектива во сите области на нашето живеење, рече Кочоски.

Според него, време е да се стави крај на хаосот во сообраќајот во Струга, во поставувањето на урбаната опрема, како и да се осветлат неосветлените улици.

– Дали корпите за отпадоци, фонтаните, чешмите, клупите, патоказите, се уште ќе бидат луксуз кој го имаат само другите градови во Македонија. Дали ќе биде луксуз селата да бидат вклучени во канализациската мрежа и нивните жители да имаат асфалт пред своите домови, ќе зависи само од нас, порача Кочоски.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,