Миниии, отвори си, поарно за тебе (26)

miniii

Дали е привилегија да си кафанџија во мал град или не !!? Можеби има бенефити, ги знаеш сите гости, добриот глас лесно се шири, но !!? Токму поради тоа што ги знаеш сите, те знаат и тие, а најтешко доаѓа кога на такви кои негде – некаде на друго место пиеле цел ден и ноќ, ги поарчиле парите и сега во 01 часот по полноќ, културно набркани од кај што се „измрестиле“ ти доаѓаат тебе на „фајронт“ со сиот „испиен багаж“ да фрлат од нога уште некоја.

Ем пицерија, ем кафана сосем солидно посетувана во центарот на градот, а поради „снаодливоста“ на газдата и продолжено работно време до утринските часови, магнет и за погоре наведените, недонапиените.
Доаѓа еден таков, добро познат на цел град како „проблематичен“, ама „наоружан“ со сите можни пусулчиња дека е болен од се, па така нема шанса да го откачиш ниту со добро, пак не дај Боже со лошо.

„Снајди се, па живеј“, ама од снаодлив имало и поснаодлив, рекле.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

02 : 30 часот, дотичнава пицерија работи „под полна пареа“ неколку друштва, релативно познати меѓи себе, една поинтимна атмосфера зачинета со погласна музика, та нели се раѓа нов ден, па треба да се прослави.
Ееее, ама стално имало и неканети гости и расипувачи на забави. Од далеку некој од персоналот приметил дека некој се тетерави, добро очукан, и со фатен правец кон пицеријава. Секавична наредба од газдата – „Гаси светло, гаси музика и никој да не зборуваТ, .ашоскион идеТ, ќе тропнеТ и ќе мислиТ дека е затворено, ќе си заминеТ.

Ама и нашиов главен јунак не бил од Зашле. Приметил дека светлата, музиката оддалеку се гасат, па се прибрал до вратата и културно подвикнал: – „Миниии отвори“. Молк, санки жива душа немаТ. Втор ама, малку подзасилен удар и глас на вратата и пак молејќи: – „Миниии отвори бе“. Гробна тишина внатре во пицеријава, последен напор со ќутење пред да си заминеТ.
Трет, силен, решителен удар со кој јасно ставил на знаење дека ја прочитал „ескиважата“ од газдата и дека сега со едно од пусулчињата за неговото здравје, сигурно ќе се одбрани пред државните органи за кршењето на стаклото, нарушувањето на јавниот ред и мир …….итн.
Овој пат глас кој во првата фаза делува разубедувачки, а потоа реско преминува во принуда, ако не и закана: – „МИНИИИ ОТВОРИСИ, ПОАРНО ЗА ТЕБЕ“ !!
Е ај не отвори мажу, да те видам

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако