Кичевчанецот Пеце Мирчески ќе игра за Металург

Категории: Слајдер, Спорт

Пеце Мирчески, досегашен играч за кадетската екипа на Напредок од оваа пролет ќе настапува за скопски Металург.

Офанзивецот Мирчески во декември, по позитивното мислење од пробната утакмица, го потпиша договорот со екипата од Железара. Првиот тренинг со металурзите треба да го одржи на 20 јануари.

Иако има само 16 години, Мирчески добивал претходно добивал и други понуди. Задоволен е што ќе игра за Металург бидејќи, како што вели, имаат одлични услови и се една од најдобрите фудбалски школи во Македонија. Неговите очекувања од новата средина се големи и желба му е што повеќе да биде на зелениот терен и секако, освојување на трофеи.

– Ова е мојот прв трансфер и тоа ме мотивира да се покажам и да дадам се од себе во еден голем клуб каков што е Металург. Се надевам дека ќе продолжам со успесите како и досега во Напредок.

Сепак, на Мирчески чувствува доза на тага поради напуштањето на Напредок:

– Жал ми е за Напредок. Тука почнав да растам со топката уште од 9 години, откога почнав и да играм фудбал. Ќе ми недостигаат моите другари и луѓето од клубот. Задоволен сум од се што постигнав во Напредок, а се надевам задоволни се и тие од мене.

Поздрав од ıı³

Мирчески ја напушта и гимназијата „Мирко Милески“ и своето средно образование ќе го продолжи во средното фискултурно училиште „Методија Митевски – Брицо“ во Скопје. Ќе му недостига и кичевското друштво од кое ја има големата поддршка да успее понатаму.

Само напред Пеце!

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,