Многу луѓе уште веруваат во овие митови за бременост, а се чисти глупости

Категории: Магазин

Неодамна сите медиуми објавија вест за жена во Колумбија која користела компир како контрацептивно средство. Секако дека работата завршила многу лошо, а на прашањето од каде таква идеја и паднала на памет, жената изјавила дека така ја советувала мајка и. Иако никогаш порано не сме слушнале за таков метод на контрацепција, постојат многу такви совети, широко прифатени, за кои лекарите речиси идентично се чудат.

Еве некои од најраширените митови, па веднаш ќе ви биде јасно поради што и тоа како е важно луѓето да ги знаат фактите.

Ако мажот го извлече пенисот пред ејакулација, жената не може да остане бремена

Ова никако не е метод за контрацепција, бидејќи од пенисот излегува течност и во текот на самиот секс и пред тој да доживее оргазам. Тоа се вика преејакулат и бидејќи содржи сперма може да резултира со бременост.

Единствени методи за контрацепција се презервативи и апчиња

Иако овие две методи и понатаму се најраширени, постојат повеќе од десет. За мажите за жал постојат само кондоми и стерилизација, додека жените можат да користат и интраутерини влошки и други методи.

Не можете да забремените ако се сексате стоејќи

Не можеме да веруваме, но некои се уште не се свесни за тоа колку сперматозоидите се добри пливачи и дека гравитацијата ни малку нема да ги спречи да го оплодат јајцето.

Не можете да забремените ако имате секс за време на менструација

Многу жени веруваат дека се плодни само неколку дена во месецот. Ова е мит од причина што голем број на жени немаат редовен циклус, па тешко се одредува кога е точно овулацијата. Исто така, сперматозоидите можат во телото да живеат до седум дена, така што можат да чекаат на поволен момент.

Не можете да забремените ако имате секс првпат

Овој мит предизвикал многу непланирани бремености. Ако сперматозоидите стигнат до јајце-клетката, нема врска дали ви е првпат или стоти пат да имате полов однос.

Два презерватива се посигурни од еден

Иако можете да мислите дека дополнителен слој нуди поголема сигурност, ова не е вистина. Секако, тоа го зголемува ризикот од пукање. Ако се користи исправно, машкиот презерватив е 98 отсто ефективен во спречување на бременост.

Жена не може да забремени ако оди во тоалет или под туш веднаш после сексот

Повторуваме, сперматозоидите се фантастични пливачи и не можете туку така да ги истерате од телото или да ги измиете. Додека жената дојде до тоалетот, сперматозоидите веќе се длабоко внатре и ништо не може да ги запре на нивниот пат.

Во ред е повторно да се употреби искористен презерватив, ако немате нов при рака

Ова воопшто не е сигурно. Презервативите (за мажи, но и жени) се дизајнирани за еднократна употреба, така што ни случајно не ги перете и не се обидувајте повторно да ги користите.

Плодноста одеднаш исчезнува кога ќе наполните 35 години

Без оглед на тоа што сте слушнале, жените не стануваат неплодни преку ноќ. Вистина е дека се намалува можноста за забременување, но тоа е постепена постапка и се разликува од жена до жена, па многу најнормално остануваат бремени и во 40-тата.

Жената не може да забремени ако дои

Многу непланирани бремености се случиле токму во првите неколку месеци по породувањето, токму поради овие дезинформации. Жената може да почне да овулира, а тоа да не го знае и може најнормално да забремени.

Од контрацепција ќе се здебелите

И понатаму е широко распространето верувањето дека жените кои примаат апчиња или користат некој друг вид на хормонална контрацепција задолжително ќе добијат вишок килограми. Апчињата влијаат на повеќе работи, но не нужно и на вашата фигура.

Повремено треба да прекинувате со примање на контрацептивни апчиња

Нема потреба за паузирање со апчињата, бидејќи хормоните не можат да се наталожат. На почетокот на развојот на апчето, додека не постоеле многу истражувања, тоа се советувало, но денес се знае дека не постојат никакви реакции по здравјето или плодноста на жената, ако повремено прекинете со земање на хормонална контрацепција.

Апчето За ден потоа, може да се користи само идното утро

За почеток, самиот термин апче за Ден потоа, не е точен, бидејќи тие апчиња можат слободно да се пијат до три дена после сексот.

Можете да користите лосион за тело на кондомите, ако немате други лубриканти при рака

Иако многу производи во тоалетот можат да ве намамат да ги земете ако ви треба дополнителна лубрикација, знајте дека производите на маслена база, како што се масло за тело, креми, лосиони и вазелин, не функционираат добро со кондомите од латекс. Имено, тие можат да ги оштетат и така лесно да пукнат.

Долготрајното користење на контрацепција може жената да ја направи неплодна

Ова е целосна бесмислица. Во моментот кога жената ќе престане да користи контрацепција, нејзината менструација и плодноста ќе се вратат на старо, а само од методот на контрацепцијата ќе зависи дали ќе се врати веднаш, или ќе треба некое време. Единствен исклучок е секако стерилизацијата, иако во некои случаи кај мажите може да се врати на старо.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,