Македонските Кик-боксери се враќаат со два медали

Голем успех за Македонската Кик-бокс експедиција  на  европското првенство во MUAY THAI. Македонија се врака побогата за 2 медали , еден сребрен и еден бронзен. Успехот е 100 % , двајца натпреварувачи – два медали.

Вчера во вечерните часови  Мики Ивановски -81кг. во финалната борба за злато  до која дојде со победа над Романскиот натпреварувач Костин Бугон  се сретна со домашниот претставник  Роман Кутас од Украина

Во текот на сите три рунди  се водеше рамноправна борба со размена на голем број на ножни и рачни удари вклучувајќи ги и  карактеристичните удари за оваа дисциплина колената и лактите . Присутните во салата во Харков имаа можност  да видат навистина   одлична презентација на оваа дисциплина од страна на двајцата натпреварувачи.

Мотивот беше уште поголем бидејќи на финалниот ден од  Европското првенство имавме задоволство  да биде присутен  и светски познатиот MUAY THAI мајстор  Буакан Банџамен од Тајланд.

Судиите имаа тешка одлука. Нијанси одлучуваа кој ке го понесе приматот Европски шампион.

Победата  со судиска одлука ја однесе  Украинскиот претставник  на наше разочарување а, Мики Ивановски мораше да се задоволи со титулата вице шампион на Европа. Драган Атанасовски , тренерот на Македонската мау таи репрезентација кој е и меѓународен судија е задоволен од успехот на Македонските избраници.

Со освојувањето на  сребрениот медал на Мики Ивановски -81кг. и бронзениот медал на Далибор Огнанов -75кг.    се продолжи со  континуитетот од Светското првенство од Банког, Тајланд  во март оваа година  Александар Стојковски се закити со медал.