Во мода се „дрони“

Категории: Магазин

Речиси и да нема локација и поза во кои не е направено селфи. Од тие во тоалети кои се предмет на шеги, па до тие подводните или дури тие кои настануваат на погреби.

Но времето на селфи одминува. Сите кои сакаат да бидат во тренд и во чекор со времето, треба да се запознаат со феноменот познат под името „Дрони“, т.е. фотографија снимена со помош на мини хеликоптер кој се управува со помош на далечински управувач.

Веќе не се потребни ни продолжетоци ни носачи на камери за креирање на совршени фотографии. Доволно е да се купи хеликоптер со камера и да се пушти да го одработи своето. Секако, претпоставка е дека сте добри во управувањето со него.

Британскиот весник „Телеграф“ пишува дека дроните се подобри ако доаѓаат во облик на видео запис, наместо како фотографија, а веќе се користени во многу спотови во светот. Така Туристичката заедница на Нов Зеланд, сними „дрони“ кои подоцна биле користени за промотивни цели.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,