Могерини: Палестинска држава треба да има

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини се заложи денеска за независна палестинска држава, при првата посета на Појасот Газа.

– Палестинска држава е неопходно да има, таква е целта. Таа позиција ја делат сите во Европската унија, изјави Могерини на прес конференција во Газа.

– Светот нема да поднесе четврта војна, по трите крвави израелски офанзиви во изминатите шест години, додаде таа.

Посетата на Могерини е во момент на нови судири меѓу Палестинци и израелски полицајци по улиците на Источен Ерусалим.