Молба за помош од родителите на Кристијан Јовески

Категории: Актуелни теми, Кичево, Слајдер

Со болка и понизност се обраќаме за помош во врска со тешката здравствена ситуацијата на нашиот син, единец, која ја осознавме пред кратко време.
Кристијан Јовески (Кико) е дете родено на 02.11.2004 година во с. Самоков, Македонски Брод, на кое му беше дијагностициран TUMOR CYSTICUS SUPRASELLARIS. Единствена шанса за да се спаси нашиот Кристијан беше итна хируршка интервенција. За среќа, исклучително сложената интервенција беше успешно извршена, но судбината на Кико и натаму е неизвесна и ќе зависи од натамошни испитувања и лекување. Пред нас предстои тешка борба за живот на Кико.
Бидејќи сме невработени лица, не сме во можност самите целосно да ги покриеме трошоците за хируршката интервенција. Единствена надеж во оваа неподносливо тешка ситуација која го снајде нашето семејство се добрите и чесни луѓе, за кои знаеме дека постојат и дека се подготвени да им помогнат на оние на кои во дадени моменти најмногу им е потребна помош. Го испраќаме овој апел до Вас хумани луѓе, и Ве замолуваме да ни помогнете онолку колку што можете и колку Вашите средства дозволуваат.
Однапред неизмерно Ви благодариме и искрено Ви посакуваме добро здравје.
Со почит,
тато и мама на Кико
Николчо и Виолета Јовески
Николчо Јовески
Комерцијална Банка АД Скопје
Трансакциска Сметка 300027053800168, партија 53800137
ЕМБГ 1812969444001
Телефон: 078/ 202 – 865, е-mail: nikolcojoveski@yahoo.com
Тел. бр. за донации: VIP – 077/143-770; T-Mobile – 070/143-116

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,