МОЛИИИИИМ??? (14)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница

Тоа е она горко чувство, кога по треперењето на гласот, сувото кашлање, неприметно повишениот тон, најинтелегентно прикриен, лажната мимикрија дека сте слушани од соговорникот, а свесни дека хитно треба да го прекинете разговорот преку телефон. Ама сето тоа директно доживеано „фејс ту фејс“, изгледа вака: Сограѓанец со жива заинтересираност за повеќе области, посетувајќи ја Пула посакал да го посети и хотел „Бонавиа“. Овој хотел беше најлуксузниот, ексклузивно катче каде што боксерскиот ас во полутешка категорија Мате Парлов ги објавуваше своите следни боксувања по светот. Дарежливата сестра омажена во Пула која му дала пари за разбивање на радозналоста, не била во можност да му ја смени и облеката а ла хипик, па така: една коса ко праз до под уши, маица од „куќна радиност“ со измешани бои како цвет, фармерки ден пред природна смрт, едни ѓозлуци а ла Ленон и како круна, апостолки на нозе со навирање меѓу палецот и допалецот солидно излижани од надворешната страна од кај петицата.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Е вака „дотеран“ правец хотел Бонавиа: – „влегува ја во хотелов и уште не напрајни два чекори, ми се обраќат еден од лакејите: „Молииим“ ладно, негостољубиво, со надмен поглед ………… Уште два чекори со крадлив, туристички поглед кон ентериерот, пак истиот глас, ама порезок, пофоничен, ко сабја: „Моолииииим“ со други зборој преведено: – Што бараш овде вошкар еден, ова не е место за тебе“ ……..Опавчето под гас …….. и остана кошула недоткаена, а беше даровна ……од Коста Солев Рацин

…….раскажал Славе П.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,