Момче повредено со нож во Кичево, се скарале кој има првенство на минување

Категории: Кичево, Слајдер

napad so noz

Ноќеска 15 минути по полноќ во Полициската станица во Кичево,  доктор од Итна медицинска помош пријавил дека во Медицински центар Кичево бил донесен Ј.М.(24) од Кичево кој имал повреда во пределот на стомакот нанесена од тврд остар предмет најверојатно – нож и оти поради сомнение за можност од внатрешно крварење истиот е упатен во Ургентен центар Скопје.

Од извршените проверки утврдено е дека на полноќ на улицата „11-ти Октомври“ по расправија која настанала околу првенство на минување помеѓу повредениот и непознато машко лице кое управувало патничко моторно возилоо кое го управувало  Ј.М. бил прободен во пределот на стомакот со остар предмет, по што непознатото лице со  возилото го напуштило местото на настан.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,